Штип ќе добие најголем еко-парк во регионот до средината на 2025 година

До средината на 2025 година, Штип ќе го добие најголемиот еко-парк во регионот, кој ќе се простира на површина од околу 70.000 квадратни метри. Паркот „Иднина“ ќе биде лоциран во близина на новиот булевар „Партизанска“ и ќе ги поврзува двете населби, 8ми Ноември и Баби. Покрај зелените појаси, патеките и детските реквизити, предвидена е и изградба на мини езеро поради близината на реката Брегалница.

„Оваа инвестиција ќе го промени ликот на овој дел од градот, кој во минатото беше небезбеден, неосветлен и руиниран. Како одговор на потребите на граѓаните, одлучивме да вложиме средства и да ги пренамениме парцелите, со цел да поттикнеме развој во овој дел на градот“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Според плановите на општината, заедно со новиот урбанистички план, булеварот „Партизанска“ и еко-паркот ќе станат центар на идниот развој на Штип. Освен зелените површини, се планира и изградба на неколку станбени и деловни објекти. Една од парцелите веќе е продадена, а од нејзината продажба општината оствари приход од околу еден и пол милион евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни