„Оваа инвестиција ќе го промени ликот на овој дел од градот, кој во минатото беше небезбеден, неосветлен и руиниран. Како одговор на потребите на граѓаните, одлучивме да вложиме средства и да ги пренамениме парцелите, со цел да поттикнеме развој во овој дел на градот“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Според плановите на општината, заедно со новиот урбанистички план, булеварот „Партизанска“ и еко-паркот ќе станат центар на идниот развој на Штип. Освен зелените површини, се планира и изградба на неколку станбени и деловни објекти. Една од парцелите веќе е продадена, а од нејзината продажба општината оствари приход од околу еден и пол милион евра.