За прекинот што траеше шест часа во неделата, министерката за енергија Кумара Јајакоди го обвини мајмумот, кој влегол во мрежата станица во предградие на Коломбо. Во средата, што беше празник во Шри Ланка, немаше прекини на струја.
Животното дошло во контакт со трансформаторот на станицата, попречувајќи го снабдувањето на целата земја. Засега нема детали дали мајмунот го преживеал инцидентот.
„Се прават сите напори да се врати мрежата со полн капацитет, но ќе се спроведат прекини на електричната енергија за да се справат со часовите со врвна побарувачка во текот на ноќта“, се додава во соопштението на ЦЕБ.
Во понеделникот и вторникот беа спроведени деведесетминутни прекини на струјата за да се управува со побарувачката. Истрагата за прекинот ја спроведе Министерството за енергетика.