„Шпигел“: Германската влада е против приклучување кон „Мировниот одбор“ на Трамп

Германската влада се спротивставува на приклучување кон „Мировниот одбор“ на Доналд Трамп, предупредувајќи дека иницијативата може да ги поткопа Обединетите нации, објавува германскиот магазин „Шпигел“.

Германската влада се противи на приклучување кон „Мировниот одбор“ на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи постои ризик оваа иницијатива да ја поткопа улогата на Обединетите нации, објави германскиот магазин „Шпигел“, повикувајќи се на документ на германското Министерство за надворешни работи.

Според наводите на „Шпигел“, во интерен меморандум подготвен минатиот викенд за состанок на амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија, германската влада изразила противење и кон предодредените овластувања што би ги добил Трамп во рамки на оваа иницијатива, пренесува агенцијата Ројтерс.

Берлин внимателно ја разгледува иницијативата

Портпарол на германската влада пред два дена изјави дека Берлин ќе разгледа каков придонес може да даде кон „Мировниот одбор“.

Во меѓувреме, беше соопштено дека германскиот канцелар Фридрих Мерц рано утре ќе отпатува од Швајцарија и поради тоа нема да присуствува на свеченото потпишување на документите за „Мировниот одбор“, кое е планирано да се одржи на Светскиот економски форум во Давос.

Портпаролот нагласи дека американската страна е навремено информирана за оваа одлука и повтори дека Германија е благодарна за поканата да се приклучи кон одборот.

„Го разгледуваме овој предлог и секако ќе одговориме на соодветен начин во догледно време“, изјави портпаролот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни