Шпанската влада одобри скратување на работната недела

Шпанската влада го одобри предлогот за намалување на законската работна недела на 37,5 часа без намалување на платите, и покрај противењето на здруженијата на работодавачи.

„Овој предлог има за цел да обезбеди подобар живот, пократко работно време и поголема продуктивност и економска ефикасност“, изјави министерката за труд Јоланда Дијаз.

Предлогот сè уште треба да биде одобрен од парламентот, каде што владата на левиот центар, предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез, нема јасно мнозинство и зависи од поддршката на неколку помали партии, пренесуваат Независне новине.

Дијаз, која истовремено е и вицепремиерка, го постави скратувањето на работното време како клучен услов за нејзината поддршка на владата на Санчез до крајот на годината.

Сепак, каталонската партија од десниот центар Junts веќе најави отпор кон предлогот, додека Шпанската конфедерација на бизнис организации (CEOE) предупреди дека оваа мерка ќе ги зголеми трошоците на компаниите и ќе ја намали нивната конкурентност.

Шпанската централна банка и поранешниот министер за економија исто така предупредија дека зголемените трошоци за труд би можеле да предизвикаат инфлација и да го ограничат отворањето нови работни места.

И покрај овие предупредувања, Шпанија бележи силен економски раст, опаѓање на инфлацијата и најниска стапка на невработеност во последните 16 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни