Шпанскиот оператор на електроенергетската мрежа, Red Electrica, соопшти дека работи заедно со енергетските компании на обновување на снабдувањето со струја.
„Ова е поширок европски проблем,“ соопшти E-Redes, шпанската компанија за надзор на електроенергетската мрежа, додавајќи дека снабдувањето се враќа по фази.
Прекинот предизвика сообраќаен хаос во градовите – дел од метрото во Мадрид беше евакуиран, а во центарот на градот дојде до застој на сообраќајот поради нефункционирање на семафорите.
И во Португалија ситуацијата е слична: полицијата соопшти дека семафорите се исклучени низ целата земја, а затворени се метрото во Лисабон и Порто и прекинати се железничките линии.