Шпанија возврати по заканите на Трамп

Шпанската влада реагираше на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе „ги прекине сите односи“ со Мадрид, нагласувајќи дека Шпанија е сигурен и важен партнер на меѓународната сцена.

Трамп изјави дека „Шпанија беше ужасна“, алудирајќи на одбивањето на левичарската влада на премиерот Педр Санчез да дозволи САД да ги користат шпанските воени бази за напад врз Иран. Мадрид ги оцени тие напади како „неоправдана и опасна воена интервенција“.

Американскиот претседател повторно ја критикуваше и одлуката на Шпанија да не им се придружи на сојузниците во NATO во зголемувањето на издвојувањата за одбрана на пет отсто од БДП, што е едно од неговите главни барања.

„Затоа ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никакви врски со Шпанија“, порача Трамп.

Како што пренесува BBC, извор од шпанската влада истакнал дека земјата е „клучна членка на НАТО“ и дека ги исполнува своите обврски.

Од Мадрид дополнително нагласиле дека, доколку Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи со Шпанија, тоа треба да го направи со почитување на автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни