Шпанија со закон забрани извоз на оружје во Израел: „Сакаме крај на геноцидот во Газа“

Шпанските пратеници денес изгласаа закон со кој се воведува ембарго на извоз на оружје во Израел – мерка што долго време ја поддржуваше социјалистичкиот премиер Педро Санчез со цел, како што рече, „да се запре геноцидот“ во Газа.

За одлуката гласаа 178 пратеници, додека 169 беа против. Малцинската влада на Санчез конечно доби поддршка и од четворица пратеници на крајно левичарската партија Подемос, која не откри како ќе гласа сè до средата наутро.

Ембаргото е во сила уште од 2023 година

„Оваа влада предложи ембарго против владата на Нетанјаху со цел да се запре геноцидот во Газа, а вие гласавте против“, изјави Санчез обраќајќи му се на лидерот на централно-десничарската Народна партија (PP), Алберто Нуњез Феихо, кој се спротивстави на новиот закон.

Иако во практика ембаргото е на сила од октомври 2023 година, социјалистичката влада сакаше да ја законски формализира оваа одлука.

Санчез ја најави мерката на 8 септември годинава, по што израелската влада жестоко реагираше. Сепак, Израел го повлече својот амбасадор од Шпанија уште во 2024 година, откако Мадрид ја призна државата Палестина.

Забранет е и увоз и рекламирање на производи од нелегални населби

Во преамбулата на новиот закон се наведува:
„Одговорот на Израел на ужасните напади од терористичката организација Хамас на 7 октомври 2023 година се претвори во неселективни напади врз палестинското население, што повеќето експерти го сметаат за геноцид.“

Со законот се забранува:

  • Секој извоз на одбранбена опрема, производи или технологии во Израел
  • Нивен увоз во Шпанија
  • Транспорт на авионско гориво за воени цели
  • Рекламирање на производи што потекнуваат од нелегални населби во Газа и на Западниот Брег

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни