Шпанската влада им нареди на обвинителите да покренат истрага против социјалните платформи X, Meta и TikTok поради сомнежи за создавање и ширење детска порнографија со користење на вештачка интелигенција.
Информацијата ја соопшти премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој истакна дека државата не може да дозволи нарушување на менталното здравје, достоинството и правата на децата.
„Некажнивоста на овие технолошки гиганти мора да престане“, напиша Санчез на својот профил на X.
Забрана за социјални мрежи за лица под 16 години
Санчез претходно најави пакет мерки за спречување на онлајн злоупотреба и подобра заштита на децата, меѓу кои забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, судски постапки против директорите на платформите и засилена регулација на дигиталните содржини.
Сопственикот на X, Илон Маск, реагираше остро, нарекувајќи го шпанскиот премиер „тиран и предавник“, придружувајќи ја објавата со навредлива икона.
Европски тренд на ограничување на социјалните мрежи
Шпанија ја започна истрагата по примерот на Австралија, која во декември стана првата земја во светот што им забрани пристап до социјалните мрежи на лица под 16 години.
Во меѓувреме, Европската комисија отвори истрага против Meta, TikTok и AI-системот Grok. Ирска покрена истрага против Grok поради користење лични податоци. Франција ја истражува X поради генерирање сексуални deepfake содржини, а Португалија започна процес на ограничување на пристапот за малолетници
Шпанската министерка за млади и деца Сира Рего соопшти дека владата активирала член од Статутот на Државното обвинителство со цел формална истрага на големите платформ