Шпанија го затвори својот воздушен простор за американски авиони кои учествуваат во нападите врз Иран, што е чекор понатаму од претходната забрана за користење на воените бази што тие заеднички ги управуваат, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.
„Не дозволуваме користење на воени бази или користење на воздушниот простор за дејствија поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес пред новинарите во Мадрид.
Затворањето на воздушниот простор ги принудува воените авиони да ја заобиколат земјата-членка на НАТО, Шпанија, на пат кон своите цели на Блискиот Исток. Ова не ги вклучува вонредните ситуации, додаде весникот „Ел Паис“.
Премиерот е еден од најгласните противници на нападот врз Иран.
„Ова е дел од одлуката што веќе ја донесе шпанската влада да не учествува или да не придонесува во војна што е започната еднострано и спротивно на меѓународното право“, изјави министерот за економија Карлос Куерпо за радио „Кадена СЕР“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните противници на нападите на САД и Израел врз Иран, опишувајќи ги како неодговорни и нелегални.
Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со Мадрид откако земјата им одби на САД да ги користат базите во Шпанија за потребите на војната на Блискиот Исток.