Шпанија планира пократка работна недела: од 40 на 37,5 часа

Владата на Шпанија го усвои предлог-законот за општо скратување на работната недела од досегашните 40 на 37,5 работни часа.

Оваа промена ќе опфати околу 12,5 милиони работници во приватниот сектор – и оние со полно, и со скратено работно време. Од Министерството за труд очекуваат дека оваа мерка ќе ја зголеми продуктивноста и ќе го намали отсуството од работа.

„Денес го модернизираме светот на трудот и им помагаме на луѓето да бидат посреќни“, изјави министерката за труд, Јоланда Дијаз.

Скратувањето, кое веќе важи за државната администрација и одредени економски сектори, најмногу ќе им користи на вработените во малопродажба, производството, угостителството и градежништвото.

Иако главните синдикати го поддржуваат предлогот, здруженијата на работодавачи се против. Владејачката левичарска коалиција во парламентот нема доволно гласови за усвојување на законот.

Законот е иницијатива на коалицијата Сумар, помал левичарски партнер во владата на Педро Санчез. Поддршка сѐ уште не добиле од каталонската националистичка партија Џунтс, која изрази загриженост дека законот може негативно да влијае врз малите бизниси и самовработените.

Шпанија ја има сегашната 40-часовна работна недела од 1983 година, кога беше скратена од 48 часа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни