Шпанија ги отстранува мумиите од музеите за да го зачува достоинството на мртвите

Шпанското Министерство за култура им дало инструкции на 16 национални музеи според кои треба да отстранат мумии, черепи и човечки останки во која било форма од нивните изложби, за да се заштити достоинството на овие лица, јавуваат шпанските медиуми.

Упатствата не се однесуваат на други музеи и културни институции кои не се во државна сопственост, јавува агенцијата Ефе, додавајќи дека новите упатства сепак ќе важат и за Националниот археолошки музеј и за антрополошкиот музеј.

Одлуката на шпанските власти веќе ја имаше првата практична последица на Канарските Острови, откако најдобро сочуваната мумија од културата Гуанче, која им припаѓаше на домородното население на овие острови, беше отстранета од тамошниот музеј и преместена во депото на Националниот археолошки музеј.

Претседателката на локалната власт на Тенерифе, Роза Давила, смета дека е неприфатливо симболот на автохтоната култура да се преместува во музејски магацин, а тоа е навреда за сите жители на Канарските острови.

Слично мислење имаат и шефот на локалниот центар МУНА во Тенерифе, Конрадо Родригез, како и директорот на приватниот музеј на Канари, Диего Лопез, кој додаде дека овие мерки се навредливи.

„Овие остатоци не можат да се сокријат, без разлика дали тоа му се допаѓа на министерството или не“, вели Родригез.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни