Познатиот актер и режисер Шон Пен (64) се појави на премиерата на филмот „Bono: Stories of Surrender“ во Кан со својата девојка, триесетгодишната молдавска актерка Валерија Ников.
Парот го привлече вниманието на сите присутни на црвениот тепих. И покрај 34-годишната разлика во години, нивната врска е стабилна.
Валерија Ников е молдавска актерка која последниве години се пробива на европската филмска сцена. Позната е по неколку улоги во независни филмови и серии, а Кан и ја отвори вратата на меѓународното признание.
Шон Пен и Валерија Ников, наводно, се запознале на филмскиот фестивал во Венеција во 2024 година, каде што и двајцата учествувале на панели за општествениот ангажман во филмот. После тоа, тие беа видени заедно на неколку настани, а нивната врска стана јавна на почетокот на 2025 година.