Берлин – Европа сака да соработува со Соединетите Американски Држави, но ЕУ е подготвена да одговори и обединета да се спротивстави ако Вашингтон не ѝ остави избор, воведувајќи царини на челик и алуминиум, изјави денеска в.д. канцеларот на Германија, Олаф Шолц.
Говорејќи на отворањето на индустрискиот саем во Хановер, на кој годинава Канада беше претставена како земја партнер, Шолц нагласи дека Канада е независна земја, пренесува Ројтерс.
„Ние сме на ваша страна. Канада не е земја која припаѓа на никого друг. Канада е горда, независна нација“, рече Шолц.