Шокантно откритие: Зошто дури ни вештачката интелигенција не може да ги спаси мобилните телефони од незадоволство на корисниците!

Истражување од САД покажува дека корисниците сè повеќе не зе задоволни од мобилните телефони, а верувале или не, најголемиот проблем е батеријата.

И покрај зголемените инвестиции на производителите на паметни телефони во функции базирани на вештачка интелигенција, корисниците не се импресионирани. Според Американскиот индекс на задоволство на потрошувачите (ACSI) за 2025 година, задоволството на корисниците со паметните телефони падна на најниско ниво во последната деценија, само 78 поени од можни 100, што е остар пад од рекордниот резултат од претходната година.

Оваа студија е спроведена врз основа на повеќе од 27.500 прашалници во Соединетите Американски Држави и покажува дека корисниците сè уште се најмногу заинтересирани за основните карактеристики на телефонот, како што се траењето на батеријата, квалитетот на повиците и достапноста на услугата, отколку за новите опции за вештачка интелигенција што брендовите агресивно ги промовираат.

Како што истакна Форест Моргесон, виш истражувач во ACSI: „Производителите постојано додаваат нови технологии, но она што корисниците навистина го сакаат е добро основно искуство“. Корисниците изразија најголемо незадоволство од траењето на батеријата, што укажува дека тоа е сè уште најголемата слабост на модерните паметни телефони.

Кога станува збор за поединечни брендови, Apple и Samsung сè уште се во водство, но нивните резултати малку се намалија од 82 на 81 поен. Motorola и Google добија по 75 поени, додека другите брендови се покажаа уште полошо. Интересно е што корисниците на 5G телефони се генерално позадоволни од оние што користат 4G уреди, што сугерира дека технолошкиот напредок навистина носи некои подобрувања во искуството со телефонот.

Корисниците првенствено сакаат подолго траење на батеријата и подобри основни перформанси, а не само функции на вештачката интелигенција. Брендовите што ги игнорираат овие приоритети сериозно ризикуваат да ја изгубат довербата на потрошувачите, според истражувањето спроведено од ACSI.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни