Шокантен пропуст во Глазгов: Креминаро телото на погрешна личност

Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ започна истрага, а одговорните се суспендирани по човечка грешка

Телото на погрешна личност беше кремирано во Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ во Глазгов, што доведе до истрага и суспендирање на одговорните, објави Би-Би-Си.

Персоналот на мртовечницата го предаде погрешно обележаното тело на погребални компании, а раководството на Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ во Глазгов, најголемата болница во Шкотска, им се извини на семејствата за пропустот.

Националната здравствена служба за Глазгов и Клајд, која ја води болницата, потврди дека е започната истрага за инцидентот, кој се случил во ноември.

Како причина се наведува човечка грешка, при што болницата признава дека не биле почитувани процедурите за идентификација и обележување на телата пред нивното предавање од мртовечницата.

Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ веќе е предмет на истрага, која беше започната по серија инфекции и загрижености за системите за вода и вентилација, кои се појавија кратко по изградбата на болницата во 2015 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни