Шокантен настан во Кочани: Седум живи кутриња ставени во вреќа и фрлени во контејнер (ВИДЕО)

Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот, денес се соочија со шокантна глетка. При нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, со многу коментари за неодговорноста и нехуманоста кон животните.

Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Апелите за одговорност и грижа кон животните се зголемуваат, а случајот останува отворена тема во Кочани и пошироко.

Видео: Радио Кочани

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни