Шок во Шангај: Ѓоковиќ елиминиран од 204-тиот тенисер во светот!

Новак Ѓоковиќ сензационално загуби во полуфиналето на Мастерсот во Шангај од квалификантот Валентин Вашеро од Монако – 6:3, 6:4.

Големо изненадување на Мастерсот во Шангај! Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во полуфиналето, откако изгуби во два сета од 204-тиот тенисер на светската АТП листа – Валентин Вашеро од Монако, со резултат 6:3, 6:4.

Иако важеше за апсолутен фаворит, Ѓоковиќ повторно имаше физички проблеми, поради што не успеа да го совлада неверојатниот квалификант, кој на овој турнир игра фантастично.

Вашеро претходно ги елиминираше и Талон Грикспор и Холгер Руне, а со победата над Ѓоковиќ стана првиот тенисер од Монако што се пласирал во финале на еден Мастерс, и воедно најслабо рангираниот финалист во историјата на турнирите од Мастерс 1000 серијата.

Ѓоковиќ имаше очигледни проблеми со колкот, а во еден момент во вториот сет дури изгледаше дека ќе мора да го предаде мечот. Сепак, тој останa на теренот и се бореше до крај, но не можеше да се справи со одлично подготвениот и мотивиран тенисер од Монако.

Во финалето, Вашеро ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу неговиот роднина Артур Риндеркнеш и Данил Медведев.

Детали од мечот:

Од самиот почеток се забележуваше дека Ѓоковиќ не е физички подготвен – се движеше отежнато. Во седмиот гем од првиот сет, Вашеро направи брејк и брзо го освои сетот. Во вториот сет, Новак се држеше колку што можеше, но повторно загуби сервис и тоа беше пресудно.

Вашеро обезбеди историски пласман во финалето на Мастерсот во Шангај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни