Шок на Вимблдон: Медведев испадна уште во првото коло

Откако беше елиминиран во второто коло на ОП Австралија, а веќе во првото коло на Ролан Гарос, сега е поразен на самиот почеток од Вимблдон

Нов дебакл за тенисерот Данил Медведев.

Откако беше елиминиран во второто коло на Отвореното првенство на Австралија, а веќе во првото коло на Ролан Гарос, сега претрпе уште еден пораз – на самиот почеток од Вимблдон.

64-тиот играч во светот, Бенџамин Бонзи, му застана на патот.

Медведев беше елиминиран во Мелбурн од Лернер Тиен, во Париз од Камерон Нори, а сега во Лондон од тенисер кој никогаш во кариерата не го поминал второто коло на Вимблдон.

Французинот во следната рунда ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Коприва и Томпсон.

Би било неправедно неговиот голем успех на првиот ден од 138-от Вимблдон да се припише само на слабиот настап на Медведев, но факт е дека темпераментниот Русин се појави целосно незаинтересиран на теренот, без волја и фокус, играјќи несериозни дроп-шотови 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни