Шок на светските берзи – Kриптовалутите потонаа, паника на Волстрит

Пролетта донесе привремено примирје, со меѓусебно намалување на царините. Но, новата најава на САД за царини ја поништи таа стабилност и ги врати тензиите на ниво на трговска војна.

Најавата за новите трговски мерки на САД против Кина ги потресоа светските берзи. Само неколку месеци по обидите на Вашингтон и Пекинг да ги стабилизираат односите, САД ќе воведат дополнителна царина од 100% на кинеска стока, заедно со построги контроли на извозот на американски софтвер.

Изјавата предизвика ланец на реакции – од пад на берзите до историски шок на крипто-пазарот, каде што за само еден час исчезнаа повеќе од 7,5 милијарди долари.

Паника на Волстрит, крах на криптовалутите

Берзите веднаш реагираа. Индексот Dow Jones падна за 1,9%, S&P 500 за 2,7%, додека Nasdaq загуби 3,5% – најголем дневен пад од април.

Најпогодено беше крипто-пазарот: Bitcoin загуби 1,83 милијарди долари, Ethereum 1,68 милијарди, а Solana 614 милиони долари. Вкупно беа ликвидирани позиции вредни над 9 милијарди долари, а 1,4 милиони инвеститори беа приморани да ги затворат своите позиции.

Цената на Bitcoin падна од 122.000 на 105.000 долари – еден од најголемите падови во поновата историја на криптовалутата.

Прекин на примирјето – повторно трговска војна

Пролетта донесе привремено примирје, со меѓусебно намалување на царините. Но, новата најава на САД за царини ја поништи таа стабилност и ги врати тензиите на ниво на трговска војна.

„Ова е чист економски национализам“, коментира Financial Times.

Трговската политика на Трамп се оправдува со заштита на американските работници, но аналитичарите стравуваат дека евентуални контрамерки од Кина ќе предизвикаат глобални потреси – од Силиконската долина до берзата во Шангај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни