Данил Медведев го запре совршениот почеток на сезоната на првиот тенисер во светот Карлос Алкараз и се пласираше во финалето на Индијан Велс
Алкараз, кој го започна годината со триумф на Австралијан Опен и серија од 16 победи, сега доживеа пораз од 6:3, 7:6(3) и ќе го следи финалето од трибините
Русинот ја отвори средбата фуриозно и првиот сет го освои за само 35 минути, искористувајќи ги двете брејк шанси, додека вториот сет беше поизрамнет и решен во тај-брејк
„Од моја страна, првиот сет беше на исклучително високо ниво, а тој во вториот почна да го наоѓа својот ритам. Успеав да останам во мечот и добро да ги одиграм клучните поени. Среќен сум што успеав да му покажам на светот дека сè уште сум добар тенисер“, изјави Медведев
Со оваа победа триесетгодишниот Медведев ја продолжи својата победничка серија на девет меча откако минатиот месец го освои турнирот во Дубаи
Во претходниот полуфинален дуел, вториот тенисер во светот Јаник Синер убедливо го совлада Зверев со 6:2, 6:4 за еден час и 23 минути, покажувајќи врвна форма
Синер сега има шанса да стане само третиот тенисер во историјата, по Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, кој ги освоил сите шест титули од серијата АТП Мастерс 1000 на тврда подлога