Шминкерка се обидела да му го отстрани носот на Броди на снимањето на „Бруталист“

Оскаровецот Ејдријен Броди се пожали дека за малку ќе го загубел носот за време на снимањето на филмот „Бруталист“.

 Убедена дека се работи за протестика што нејзините колеги ја направиле за улогата, шминкерката се обидела да му го отстрани носот на Ејдријен Броди.

Зборувајќи со Џими Фалон претходно оваа недела, американскиот актер откри дека новиот член на тимот за шминка за филмот „Бруталист“ почнала да користи растворувач на носот.

„Во еден момент реков: ‘Дали се обидуваш да го отстраниш тоа?’ Таа одговори: ‘Да’. Реков: ‘Тоа не може да се отстрани!’“, рече Броди.

Актерот тогаш снимал сцени кои се подоцна во филмот, во кои неговиот лик, унгарски архитект, е постар и користи инвалидска количка. Овие сцени бараа повеќе шминка и боење на косата, како и неколку протетски додатоци.

Шминкерката се извинила, истакна Броди и додаде дека несреќата ќе ја опише во својот дневник.

Ејдријен Броди е фаворит за освојување на Оскар за најдобар актер за улогата во Бруталист, 22 години откако ја освои истата награда за улогата на уште еден преживеан од Холокаустот, во филмот „Пијанист“ на Роман Полански.

Филмот Бруталист на Брејди Корбет беше номиниран за 10 Оскари, вклучително и за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер за Броди и неговите колешки Фелисити Џонс и Гај Пирс.

Носот на Броди беше случајно скршен во 1999 година за време на сцената со тепачка во Летото на Сем на Спајк Ли, а тој имал скршеници на носот во два други одделни прилики.

Бруталист често ја споменува оваа карактеристична особина на ликот на Ласло, со инсинуации дека тоа е последица на малтретирање од страна на нацистите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни