Шкотска зоолошка градина прифати кафеава мечка која ја преживеа војната во Украина

Азијатска кафена мечка пронајдена во напуштена зоолошка градина во источна Украина, пет месеци по руската инвазија во 2022 година, најде нов дом во Шкотска.

Џампил, именуван по селото во Доњецк каде што живеел, е меѓу неколкуте преживеани од 200-те животни што живееле таму. Откако беше спасен, за него се грижеше белгиско здружение за заштита на животните, пред да го направи дванаесетчасовното патување до зоолошката градина Five Sisters, 32 километри западно од Единбург.

Пронајден во лоша состојба
„Кога доброволците го пронајдоа Џампил, тој беше потресен бидејќи не непосредно пред тоа експлодираше граната во близина на кафезот. Беше во ужасна состојба, да беа уште пет дена, немаше да можеме да го спасиме. “, изјави сопственикот на зоолошката градина Брајан Куран.

„Го имаме најдобриот можен тим да се грижиме за него и да му помогнеме повторно да се чувствува смирен и мирен“, додаде тој.

Џампил ќе биде сместен во привремен кафез додека вработените во зоолошката градина, кои претходно посвојувале мечки од патувачките циркуси, не соберат пари за неговиот постојан дом.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни