Школски час на улиците во Белград – Нови протести на ден пред почетокот на второто полугодие

Протест исто така ќе се одржи во Валево, каде гимназијалците ќе порачуваат „Децата во нас знаат сè – за мир, правда и нови соништа“


Еден ден пред почетокот на второто полугодие, студентите излегуваат на протест пред Министерството за образование за да ги поддржат наставниците кои најавија прекин на работата. И покрај поделбата меѓу просветните работници, во дел од училиштата, во понеделник на 20. јануари, нема да има настава.

Заради тоа, студенти организираат собир на поддршка во недела под името „Школски час во последен момент“, а ќе прочитаат и писмо упатено до просветните работници.

Протест исто така ќе се одржи во Валево, каде гимназијалците ќе порачуваат „Децата во нас знаат сè – за мир, правда и нови соништа“.

А во Ниш, ќе излезат наставниците од високото образование, како и во Крагујевац.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни