Шкендија стана вториот македонски клуб што ќе игра групна фаза од европско натпреварување

Шкендија обезбеди најмалку учество во групната фаза на Лигата на конференции, како и финансиска добивка од најмалку пет милиони евра

Македонскиот фудбалски првак Шкендија синоќа со 2:1 на гостински терен ја победи фаворизината ФСЦБ од Букурешт (некогашна Стеауа) и со тоа го направи најголемото изненадување во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Македонскиот првак во следното претпоследно квалификациско коло ќе игра против азербејџански Карабах, а ако успее да го мине и овој противник, тогаш ќе биде на чекор до влез во Лигата на шампионите.

Ако пак, загуби од Карабах, Шкендија своето натпреварување ќе го продолжи во Лигата на Европа каде ќе има еден двомеч за влез во групите.

Но и да испадне од Лигата на Европа, екипата ќе продолжи во Лигата на конференции, а таму веќе има обезедено место во групната фаза.

Со тоа, Шкендија станува втората македонска екипа по Вардар која ќе игра во групна фаза на едно европско фудбалско клупско натпреварување.

Освен престиж, учеството во европските натпревари носи и сериозна финансиска добивка, па така, и ако да ги загуби сите натпревари понатаму, Шкендија ќе инкасира околу 5 милиони евра а, со секој освоен бод таа сума дополнително ќе расте.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни