По повод Светскиот ден на поезијата, 21 март, Хрватско-македонска тангента организира посебна вечер посветена на силата на зборот и сеќавањето на оние кои повеќе не се со нас. Оваа година, покрај писма и поетски интерпретации, ќе се оддаде почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во градот Кочани.
„Во моментот кога се сеќаваме на трагедијата која погоди многу семејства, сакаме преку уметноста да изразиме солидарност, сочувство и вечна сеќавање на загубените млади животи. Поезијата нѐ учи како преку тагата да најдеме убавина и како со зборови може да се изгради мост помеѓу болката и надежта“, велат од Хрватско-македонската тангента.
Во рамките на културната манифестација „Трагом писаната реч“ во соработка со Друштвото Марија Јуриќ Загорка ќе се одржи содржина „Гласот на жената низ времето – Писма на Марија Јуриќ Загорка“. Писмата на Загорка ќе ги чита Дубравка Видовиќ, претседателка на Друштвото Марија Јуриќ Загорка, а поетите од Шибеник, кои се членови на Хрватско-македонската тангента, ќе ја читаат својата поезија.
Настанот ќе се одржи на 21 март во 19:00 часот во Прес центарот во Шибеник, на адреса Божидар Петрановића 16.
Покровител е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.Attach