Тимот на Кафе и филм КОТУР, го преставува шесто издание на Ѕирни – Фестивал на филм и музика кое ќе се одржи од 30.09. до 10.10.
Концептот и годинава е коктел од филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.
Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата “Данчо Чеврески”, станува интернационална, а се воведува и уште еден натпреварувачки дел во програмата – интернационални кратки студентски филмови.
,,Во ова издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48 часовниот филмски предизвик. Ќе уживаме и во маестралните улоги во филмски проекции посветени на Мето Јовановски. На наше големо задоволство, покрај кино салата на @koturkafeifilm, оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови и концерти ќе гледаме на Плочник, а тетарска претстава во Лабораториум” велат организаторите.