Голема мачка од Бенкси се појави на кратко, како се истегнува на утринското сонце, на празен рекламен билборд во северо-западен Лондон. Само неколку часа подоцна, сепак, мачката беше отстранета.
Анонимниот артист познат како Бенкси, потврди дека цртежот беше негов и вети дека ќе следат уште летни цртежи низ Лондон.
Цела недела улиците низ улиците на Лондон се појавуваат серија на животни, дела на Бенкси, вклучувајќи пеликани, овца и трио од мајмуни.
Визијата на уметникот е едноставна – да го освежи просотор и расположи јавноста во период кога насловите по весниците се мрачни. Тој се надева дека со овие дела ќе ги расположи граѓаните и ќе го покаже човечкиот дух за креативна игра, наместо за уништување и негативност.
Прв цртеж од оваа серија беше овца, која се појави на врвот на ѕидот во близина на мостот Кју во Ричмонд, потоа следуваше мурал од две силуети на слонови во Челзи. Третиот ден се појавија три мајмуни кои се лулаа преку мостот на железничка станица во источен Лондон. Следниот ден, Бенкси нацрти осамен волк на голема сателитска антена, која беше веднаш отстранета од двајца мажи, кои си го зедоа цртежот.
Петтиот ден, Бенкси нацрта два пеликана над продавница за риба и компири во Преториа авенју, додека на шестиот ден доаѓа мачката на голем дрвен билборд, што исто така беше отсранета.
Сопствениците, кои го отстранија билбордот објавија дека го направиле тоа за да не го оштетеи никој и да се повреди.
Бенкси, чиј идентитет никогаш не бил потврден, работи ноќе со мал тим на поддржувачи. Во понеделникот во 5 часот утрото двајца мажи биле фотографирани во близина на мостот Кју во Ричмонд, а маж со брада ја управувал платформата на која што биле качени.
Извор: Гардијан