Годината 2025 та носи револуција во различни индустрии, на работните места и во секојдневните активности, благодарение на напредните AI агенти. Тие нема само да ја зголемат продуктивноста, туку ќе извршуваат задачи самостојно, ќе оптимизираат процеси и ќе им овозможат на луѓето да се фокусираат на покреативни и повредни активности.
Надоврзувајќи се на постигнувањата од 2024. година, кога алатки како што е Microsoft Copilot станаа дел од нашата секојдневица, ВИ е подготвена за својот следен голем исчекор. Користењето на генеративна ВИ порасна од 55% во 2023. година на 75% во 2024. година, а организациите забележаа поврат од 3,70 долари за секој вложен долар. Прогнозите предвидуваат дека ВИ ќе допринесе за европскиот БДП со 2,7 билјони долари до 2030. година, додека организациите сè побрзо остваруваат корист од технологијата – сега во просек за само 13 месеци.
ВИ трансформацијата ќе се развива брзо како што организациите ќе ги усвојуваат технологиите за редефинирање на своите операции и зголемување на бизнис вредноста. Персонализираните Copilot-ови ќе им помагаат на корисниците да совладаат огромни количини информации на работа, а Microsoft, лидер во оваа област, продолжува да поставува стандарди со иновации. Само во 2024. година, компанијата воведе преку 700 ажурирања и 150 нови функции за Copilot, дополнително зајакнувајќи ги корисниците.
„AI продолжува да еволуира, а 2025 ќе биде година на револуционерни трансформации“, рече Калин Димчев, директор за Адрија регион на Microsoft. „Напредни AI агенти со способности за памтење, логичко расудување и мултимодални функции ќе донесат револуција во бизнис процесите, овозможувајќи им на поединците да ја користат технологијата на поумен и попродуктивен начин. Клучна тема ќе биде поставувањето на граници за автономија на AI агентите и задржувањето на човечки надзор, за да се обезбеди дека овие подобрувања се одговорни, инклузивни и имаат позитивен ефект.“
Шест клучни AI трендови за 2025. година
AI модели стануваат поспособни и по корисни: AI моделите ќе бидат побрзи, поефикасни и прилагодени на специфичните потреби. Нивната примена ќе решава комплексни предизвици во областите на наука, право и здравство, нудејќи алатки за споредување на договори, генерирање на код и извршување на работни текови. Microsoft го стави фокусот на синтетички и висококвалитетни податоци кои ќе ги подобрат перформансите.
AI агенти ќе ја редефинираат работата: AI агенти ќе трансформираат работните места автономно преземајќи репетитивни и сложени задачи, од решавање IT проблеми до оптимизација на бизнис процеси. Алатки како што е Copilot Studio ќе им овозможат и на програмерите и на корисниците без техничко знаење да создаваат агенти, подобрувајќи ја соработката и ефикасноста на работното место.
Секојдневни AI асистенти: AI асистенти како што е Microsoft Copilot ќе го направат секојдневниот живот поефикасен, приоретизирајќи задачи, сумирајќи вести и нудејќи визуелна помош. Функции како Copilot Vision ќе разберат и дискутираат содржини што корисниците ги гледаат на мрежата, со што ќе ја подобрат продуктивноста и ангажманот на корисниците.
Одржлив развој на AI: Microsoft ја унапредува „зелената ВИ“, гради центри за податоци кои не користат вода за ладење и обновливи извори на енергија како што се ветер, геотермална енергија, нуклеарна и соларна енергија. До 2030. година, Microsoft има цел да стане компанија со негативни емисии на јаглерод, позитивно користење на вода и нулта производство на отпад.
Прилагодена и одговорна AI: Организациите ќе имаат поголема контрола над примените на AI, со алатки за прилагодување филтри, содржина и заштитни мерки. Microsoft интензивно работи на решавање на ризиците како што се AI невистини, зајакнувајќи ги претпријатијата за одговорна употреба на AI технологијата.
AI во науката и здравство: AI го забрзува научниот напредок, како и напредокот во одржливоста и здравството. Од прогнозирање на времето до откривање лекови, AI алатките овозможуваат побрзо истражување и иновации. Во 2025. година се очекува AI значително да допринесе за продуктивност во решавањето на клучни предизвици како што се климатски промени и јавно здравје.
Годината 2025 ќе ја обележи длабоката синергија помеѓу AI моделите и интелигентните агенти. Поради тоа, поединците и организациите ќе добијат можност да изберат или развијат AI модели прилагодени на своите специфични потреби, отворајќи поголеми можности за иновации и влијание.
Microsoft останува на чело на оваа трансформација преку континуирано инвестирање во AI истражувања, вклучувајќи развој на Phi-3 мали јазични модели и подобрување на Azure AI инфраструктурата. Ставувајќи фокус на одговорно развивање и инклузија, Microsoft е посветен на позитивни AI промени за сите.
Извор: BIZLife