Шест раси на кучиња кои најмногу се митарат

Ако сакате кучиња, но не сте љубител на нивните влакна, постојат одредени раси што треба да ги избегнувате.

Иако сите кучиња се митарат и треба да се четкаат без разлика дали имаат долго или кратко влакно, познато е дека некои раси се митарат во текот на целата година, па затоа не се идеални за сопствениците кои немаат доволно време за секојдневна грижа на кучето, а не пак за чистотата на домот.

Лабрадор
Лабрадорите се една од расите кои имаат двослојно крзно, поради што можат да издржат неповолни временски услови. Сепак, тоа значи дека тие се митарат во текот на целата година. Како и повеќето кучиња, тие најмногу го прават тоа во пролет и есен за да се подготват за новата сезона.

Акита
Како Лабрадорите, Акита се митари во текот на целата годината, а најмногу на преминот од пролет во лето и од есен во зима. Понатаму, Акита се поголеми кучиња, што им отежнува на некои сопственици да се грижат за нивното крзно.

Далматинец
Иако имаат кратко и густо крзно, Далматинците се митарат во текот на целата година. Ако се грижите за чистотата на вашиот дом и немате време за секојдневно чистење со правосмукалка, ова можеби не е идеалната раса за вас.

Чау Чау
Ако размислувате да земете куче од оваа раса, подгответе се за секојдневно четкање, особено за време на сезоната на митарење. Овие кучиња имаат густо и долго крзно, а за време на сезоната на митарење исфрлаат три до четири пати повеќе влакна од вообичаеното.

Германски овчар
Германските овчари, исто така, имаат двојно крзно, што значи дека го менува во текот на целата година. Но, за разлика од Чау Чау, кои бараат четкање речиси секој ден, германските овчари треба да се четкаат три до четири пати неделно.

Сибирски хаски
Последни на листата се сибирските хаски, кои најдобро се снаоѓаат во постудени клими. Со цел да преживеат неповолни услови, хаските имаат дебело подвлакно што паѓа секојдневно. Најмногу опаѓаат за време на преодните периоди, но тоа зависи од климата во која се наоѓаат.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни