Организацискиот одбор на денешната прес-конференција најави дека наредната недела во шесте вечери ќе се изведува по една претстава кои конкурираат за фестивалските награди.

Според програмата, на втората вечер во Центарот за култура пред публиката ќе биде поставена претставата „Пијани“ во режија на Дејан Пројковски во која игра театарската екипа на НЦУК „Ацо Шопов“ од Штип
„Третата вечер е резервирана за „Жени од војната“ претстава на режисерот Гиота Коундоураки која ја игра театарска трупа од Атина. Претставата „Марта Верина“ на Македонскиот народен театри која ја режираше Нина Николиќ ќе биде од четврток, а утредента, во петок на сцената ќе се игра „Четири ѕида или трагикомедија за карантинот“ со ансамблот на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија. Годинешното издание на фестивалот ќе биде затворено со изведбата на претставата „Смртта и Девицата“ во режија на Афердита Нухији на Албански театар – Скопје“, рече членот на организацискиот одбор, Ѓорѓи Нешковски.
Според продуцентот на фестивалот „Отело“ Берат Салиу, актерките и претставите и годинава ќе конкурираат за награди кои ќе додели тричлено жири.
“Реномирани театарски работни кои го сочинуваат жирито, ќе решаваат кому ќе му припаднат наградите кои традиционално ги доделуваме: за најдобра претстава, актер, актерка и режија“, рече Салиу.
Тој напомена дека претставите се играат во големата сала на центарот за култура и почетокот е во 20 часот. Влезот е бесплатен.
МТФ „Отело“ се организира со поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Гостивар.