Шест повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во странство

Во болниците во земјава се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти

Шест повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во странство денеска се враќаат во државата, информираат од Министерството за здравство. Од нив, пет доѓаат од Србија, а еден од Италија

„ Се враќаат тројца од повредените што се лекуваат во КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград. Еден пациент доѓа од Италија. Сите ќе бидат примени во здравствените установи од кои биле испратени согласно повредите„ се вели во соопштенитето на МЗ


Министерството информира дека кај дел од пациентите што се лекуваат во странство има подобрување, но неколкумина се уште се интубирани и се наоѓаат во потешка здравствена состојба.

Во болниците во земјава се лекуваат 16 пациенти, кои се во добра општа состојба. По шест пациенти се сместени во ГОБ „8 Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а во приватните болници има четири пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека ја следат состојбата на повредените пациенти, како и дека се посветени на обезбедување на повредените од несреќата во Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни