Шест милиони луѓе би можеле да умрат од ХИВ и СИДА доколку престане финансирањето од САД

Повеќе од шест милиони луѓе би можеле да умрат од ХИВ и СИДА во следните четири години доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го повлече своето глобално финансирање за програми, соопшти во петокот агенцијата на Обединетите нации за СИДА.
Фото: Guilhem Vellut/Flickr

Иако беше ставен исклучок за ХИВ/СИДА во блокирањето на финансирањето на странската помош, остануваат многу грижи за иднината на програмите за лекување, изјави заменик-извршниот директор на УНАИДС за новинарите во Женева.

„Има многу конфузија, особено на ниво на заедницата, за тоа како ќе се спроведе откажувањето. Гледаме многу пореметувања во испораката на услугите за лекување“, рече Кристин Стеглинг.

Трамп ги стави во мирување донации од странска помош во вредност од стотици милиони долари за 90 дена по преземањето на функцијата на 20 јануари, а Стејт департментот ја исклучи од блокирањето поддршката за програмите за ХИВ и СИДА.

И покрај тоа што го поздрави исклучокот, Стеглинг истакна дека ситуацијата и понатаму е хаотична.

Во услови на поширок пад на финансирањето, Стеглинг предупреди дека ќе има 400% зголемување на смртните случаи од СИДА доколку финансиската поддршка на PEPFAR не биде повторно овластена помеѓу 2025 и 2029 година.

„Тоа се 6,3 милиони луѓе, 6,3 милиони смртни случаи поврзани со СИДА кои ќе се случат во иднина…Секој денар, секое намалување, каква било пауза, ќе биде важно за сите нас“, рече таа, апелирајќи до земјите во ОН да се вклучат во поддршката

„Во Етиопија имаме 5.000 договори за јавни здравствени работници кои се финансирани од помошта на САД. И сите тие се раскинати“, рече Стеглинг.

Таа истакна дека клиниките во заедницата се соочуваат со најголемо нарушување бидејќи тие се „целосно зависни“ од владиното финансирање од САД.

Таа изрази загриженост дека некои луѓе можеби нема да излезат на лекување, што пак може да ги зголеми новите инфекции со ХИВ.

Донациите од САД претставуваат најголем дел од глобалното финансирање за програмата на ООН  која функционира во 70 земји, што ги води глобалните напори за ставање крај на СИДА-та како закана за јавното здравје до 2030 година.

Администрацијата на Трамп вели дека ги прегледува сите програми за странска помош за да види дали се усогласени со неговата политика „Америка на прво место“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни