Започна протестот – Шест месеци без правда за Кочани: Не умираме од несреќи, умираме од корупција!

Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, на плоштадот поставија сандаче за писма, во кое секој може да остави порака за семејствата на жртвите. Пораките, со кои на семејствата треба да им се покаже дека не се сами во својата тага, идната недела ќе бидат однесени во Кочани.

Под паролата „Шест месеци без правда за Кочани“, вечерва во Скопје започна протестен собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи пред точно шест месеци.

Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, на плоштадот поставија сандаче за писма, во кое секој може да остави порака за семејствата на жртвите. Пораките, со кои на семејствата треба да им се покаже дека не се сами во својата тага, идната недела ќе бидат однесени во Кочани.

Од иницијативата во најавата за собирот велат дека пожарот во Кочани не беше несреќа, ниту трагедија, туку масакр – свирепо убиство предизвикано од нефункционалните институции и партискиот систем. Тие се незадоволни бидејќи и после толку време судовите молчат, а власта им се заканува и уценува.

„Оваа состојба е само продолжение на трагедијата во Кочани пред шест месеци, а случувањата по тој кобен ден се само продолжение на неправдата и предавството кое нашето општество го нанесе на тие млади луѓе. Продолжение на маките на преживеаните, кои треба самите да ги носат, оставени на милост и немилост на државата која требаше да ги заштити“, велат од „Кој е следен“.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март во раните утрински часови. Во него загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени  Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на прес-конференција на 13 јуни информираше дека е поднесено обвинение за пожарот во Кочани, со кое се опфатени 34 физички и три правни лица. Тие се гонат за тешки  дела  против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката беше запрена за вкупно 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри. 

Истражна постапка се води и против 13 полицајци поврзани со случајот. Првично со истрагата беа опфатени 47 физички и 3 правни лица. Поради немање доволно докази, за 11 лица постапката се запре, еден од осомничените во меѓувреме почина, а за еден постапката е во прекин поради неговата здравствена состојба. Најавите беа дека доколку во иднина се обезбедат докази, постапката може да продолжи за оние за коишто е запрена, а не се исклучува можноста со истрагата да бидат опфатени и други лица. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни