На шест месеци ќе суспендира влез на странски студенти на Харвард, објавија медиумите. Властите на САД во долуката се повикуваат на „националната безбедност“ и оценуваат дека дозволувањето таков упис е „штетно по интересите на САД“.
Оваа одлука следи по повеќемесечен конфликт меѓу Белата куќа и еден од најпрестижните американски универзитети. Харвард претходно одби да ги исполни барањата на администрацијата за доставување податоци за странските студенти, што доведе до прекин на федералното финансирање.
Во најновото соопштение, Харвард е обвинет за „обемни врски со странски држави“ и за „кршење на граѓанските права на своите студенти и вработени“. Во претседателскиот декрет стои:
„Утврдена е потребата да се ограничи влезот на странски државјани кои доаѓаат во САД исклучиво или првенствено за студирање на Харвард.“
Покрај забраната за нови запишувања, декретот ја повикува државниот секретар да разгледа поништување на веќе издадените визи на студентите кои веќе студираат на Харвард, со можност за продолжување на забраната и по првичниот рок од шест месеци, пишува BBC.
„Уште еден нелегален и одмазднички потег на администрацијата, кој го крши правото на слобода на изразување“, коментираат од Харвард.
Универзитетот нагласи дека ќе продолжи да ги штити своите меѓународни студенти и ќе се спротивставува на притисоците од Белата куќа. Во моментов, околу 7.000 странски студенти сочинуваат приближно 27 проценти од вкупниот број студенти на Харвард.