Шест лица загинале во Египет по потонување на туристичка подморница. Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четворица се во критична состојба.
Туристичката подморница “Синбад” во која имало 44 патници потонала е во четвртокот, откако испловила од Хургада.
Спасувачите успеале да спасат 29 луѓе од водата, јавуваат египетските медиуми.
Управата за безбедност на Црвеното Море примила пријава за потонување на туристичката подморница, кое се случило пред марината на „познат хотел”, чиј име во локалните медиуми уште не е наведено.
На местото на несреќата испратени се 21 возило за итна помош кои повредените поради тешката состојба ги пренеле во локалните болници.
Според пишувањата на медиумите, потопената подморница веќе неколку години организира туристички патувања во Хургада.
(Telegraf.rs)