Шест едноставни навики што можат да го намалат крвниот притисок

Со мали промени во секојдневието може значително да се подобри здравјето

Во денешниот динамичен начин на живот, лесно е да се запостави сопственото здравје. Стресот, нездравите навики и недоволното движење можат да придонесат за зголемен крвен притисок. Но, добрата вест е дека со мали промени во секојдневието може значително да се подобри здравјето. Експертите препорачуваат шест едноставни, но ефективни навики што можете да ги усвоите уште денес:

Повеќе физичка активност


Не мора да поминувате часови во теретана – дури и малото зголемување на физичката активност носи големи придобивки. Специјалистите од Johns Hopkins Medicine препорачуваат најмалку 30 минути аеробна активност во поголемиот дел од деновите во неделата. Брзо одење, пливање или возење велосипед се одлични избори, а дури и кратките прошетки можат позитивно да влијаат на крвниот притисок.

Ослободување од стресот

Секојдневниот стрес може негативно да влијае на крвниот притисок, но техниките за длабоко дишење можат да помогнат. Стручњаците советуваат вдишување низ носот во траење од четири секунди, а потоа издишување во траење од шест секунди. Оваа техника го намалува нивото на кортизол – хормонот на стресот. Исто така, редовното практикување хобија придонесува за опуштање на умот и телото, што има позитивен ефект врз здравјето на срцето.

Намалување на времето поминато на мобилен телефон

Прекумерната употреба на екрани е поврзана со зголемен крвен притисок и поголем стрес. Обидете се да одвоите време без електронски уреди, особено пред спиење или за време на оброците. Ограничавањето на разговорите на телефон исто така може да го намали ризикот од висок крвен притисок.

Квалитетен сон

Недоволниот сон е еден од водечките фактори за висок крвен притисок. Специјалистите од Mayo Clinic предупредуваат дека помалку од седум часа сон во текот на ноќта може да го зголеми ризикот од хипертензија. Обидете се да воспоставите редовен распоред за спиење и да избегнувате екрани пред легнување.

Умерена консумација на алкохол

Прекумерното консумирање алкохол може негативно да влијае на крвниот притисок. Според препораките на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), жените не треба да пијат повеќе од едно алкохолно пијалоци дневно, а мажите не повеќе од две.

Намален внес на сол

Исхраната богата со сол може да го зголеми крвниот притисок, па затоа е важно да се прилагодат прехранбените навики. Експертите советуваат консумирање повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки, додека преработената храна богата со сол треба да се избегнува.

Со воведување на овие шест навики, можете значително да го подобрите вашето здравје и да го намалите ризикот од хипертензија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни