Шест битолски училишта опремени со фотонапонски централи

Заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“  што ја реализираше Општина Битола по иницијатива, проект и изведба на Фондацијата Отворено Општество Македонија.  Со овој проект шест училишта во градот добија  фотонапонски централи и во текот на следната година ќе имаат помалку трошоци за електрична енергија.

Адријана Лавчистка, програмски менаџер на  ФОО информираше дека овој проект се спроведува веќе три години, дека се спроведува во пет балкански земји.

Струјата што ќе ја произведуваат подразбира заштеда на училиштата и на Општината, а заштедените пари кои општината како наменски средства ги испраќа до училиштата, треба повторно да бидат распоредени и вратени низ други проекти на самите училишта. А според проценките направени пред реализација на проектот, се работи за сума од 15.000 евра.

Фондацијата отворено општество во сите училишта организира и работилници за поимот животна средина, со цел подигнување на свеста и степенот знаење што се добива во образовниот систем, што значи производството на чиста електрична енергија, енергија од обновливи извори. На работилниците ќе се зборува и со возрасните – наставници и родители, кои понатаму треба да ги воочат приоритетите на училиштата, а потоа и да ја започнат процедурата на пренамена на средставта кои се заштедени.

Ова не значи замена и на системот за греење, училиштата сеуште  ќе се греат според досегашната практика, но ова дава можност за чекори кон замена на фосилните горива и во овој сегмент. Во текот на училишниот летен одмор, произведената струја ќе си оди во мрежата на електродистрибуција и ќе има нивелирање на сметките кои доаѓааљт до училиштата за електричната енергија што ќе ја трошат во деновите кога неможе да произведуваат струја.

Фондацијата отворено општество и Општината ќе продолжат во насока кон вакви и слични проекти, потврди директорката на ФОО, Лилјана Ристевска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни