Шеширот на Мајкл Џексон на аукција – се проценува на 100.000 евра

Шеширот што го носеше Мајкл Џексон кога првпат го изведе својот познат танцов потег „moonwalk“ ќе биде понудена на аукција на 26 септември во Париз, објавија организаторите на продажбата. Вредноста на шеширот е проценета меѓу 60.000 и 100.000 евра и овој вреден колекционерски предмет се очекува да биде атракција на аукцијата на рок сувенири во Париз.

Аукцијата ја организираат компаниите Artpèges и Lemon Auction, кои минатата година предизвикаа сензација со гитарата на Ноел Галагер, скршена ноќта кога се распадна групата Оазис, продадена за 385.500 евра.

На аукција ќе бидат понудени околу 200 предмети – фотографии, постери, билети за концерти, златна плоча на Мадона, винтиџ гитари, костими на Мартин Гор од Депеш Мод.

Меѓу другите предмети на аукцијата ќе биде понудена и гитарата на Ти-Бон Вокер произведена во само 22 примероци во 1949 година. Инструментот е проценет помеѓу 100.000 и 150.000 евра.

Целосната листа на околу 200 предмети што ќе бидат ставени на аукција, ќе биде објавена на 4 јули.

Извор: biznis.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни