Честитки за 51 роденден на Северина пристигнуваат од сите страни. Меѓу најдоминантните е онаа на Шерон Стоун. На Инстаграм Стоун сподели видео порака со роденденска честитка до Северина.
„Што да кажам освен да и благодарам на прекрасната, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи толку многу добро за жените“, вели Северина во дел од благодарноста до Стоун, на социјалната мрежа Инстаграм.
Инаку, за својот 51 роденден Северина реши на својот Инстаграм профил да сподели досега необјавена фотографија на која позира целосно гола и бремена. Со оваа црно-бела фотографија познатата пејачка се потсети на моментите кога пред 11 години стана мајка и кога, како што наведува, почувствувала што е безусловна љубов.
„Како од мајка сум родена пред педесет и едно лето. Пред нешто повеќе од 11 години и самата станав мајка и почувствував што е безусловна љубов. Нема ништо поубаво на светот од тоа кога вашата прва честитка е мало чудо што ви пораснало под срцето“, напишала Северина во својата објава.
Под оваа емотивна објава се редеа роденденски честитки од нејзините фанови, а некои од нив го пофалија и нејзиниот изглед, велејќи дека таа воопшто не се променила во последните 11 години.