Шер во нејзините мемоари раскажува дека била на оргија кај Салвадор Дали

Мемоарите на Шер, објавени пред неколку месеци, открија детали за култниот уметник Салвадор Дали, кој пејачката го запозна во Њујорк, по што ги поканил неа и нејзиниот покоен сопруг Сони Боно во своето студио.

Пејачката вели дека тоа што го доживеале таму, никогаш не го заборавиле. Таа рече дека Дали бил во „специјална лига на лудило“.

Шер таа вечер била во хотелот Сент Луис со нејзиниот тогашен сопруг, каде најпрвин го запознале Френсис Форд Копола кој снимал нов филм, а потоа Салвадор Дали кој им рекол да му се придружат на забавата што ја организирал со сопругата Гала.

Пејачката напиша дека сите во нивниот стан „биле или убави или бизарни и сите изгледале како да се дрогирале“, нарекувајќи го искуството „како да влегувате во лош филм на Фелини“.

Дали забележал дека на Шер ѝ е непријатно, но ја поканил неа и Боно да дојдат на неговата забава и следната вечер. По пристигнувањето во студиото сфатила дека штотуку се случила оргија.

Таа се сети на „голема соба со голи луѓе во неа“.

„Девојка без градник излезе во проѕирна блуза“, пишува во книгата, споредувајќи ја блузата со целофан фолија.

Шер се обиде да изгледа рамнодушно додека Боно и Копола биле како „кукавици“, стуткани заедно на другата страна од собата.

Таа сфатила дека седнала на нешто, па извадила „прекрасна бојадисана гумена риба“ која имала подвижна опашка.

Претпоставила дека се работи за детска играчка, но Дали и рекол дека всушност е вибрирачка сексуална играчка.

Таа веднаш го фрлила предметот, додека Боно и Копола се смееле. Се обидела да остане присебна, додека внатре врескала. Потоа отишле на вечера со Салвадор Дали и луѓето кои учествувале во оргиите.

Неколку минути по оброкот, славниот уметник рече дека имале претходно договорен ангажман и се преместиле неколку маси подалеку.

На Шер, Боно и Копола им олеснило и не можеле да престанат да се смеат.

„Сигурна сум дека Дали мислеше дека сите сме кретени, но тогаш веќе не ни беше грижа“, заклучи таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни