Шеќерот во крвта ви е покачен? Овие совети од нутриционистите не треба да ги игнорирате

Не чекaјте симптомите да станат проблем! Малите промени денес, го штитат вашето здравје утре.

Се будите уморни? Се чувствувате исцрпено после јадење? Можеби крвниот шеќер ви испраќа аларм! Но не грижете се — нутриционистите откриваат три едноставни навики кои можат да ви го спасат здравјето.

Тајното оружје за стабилна енергија: Влакна!
Заборавете на бел леб и бел ориз! Наместо тоа, одберете полнозрнести житарки, лиснато зеленчук и овошје полно со влакна. Комбинацијата со немасни протеини ја стабилизира гликозата и ве држи полни со енергија цел ден!

Шетање после јадење – Магија за шеќерот!
Само 30 минути лесна прошетка по оброк — и шеќерот драстично паѓа! Истражувања потврдуваат: оваа навика може да го намали нивото на шеќер во крвта и до 30%! А бонус? Подобра дигестија и помал замор.

Водата – вашиот најпотценет сојузник!
Телото ви бара вода, не газирани сокови! Со 1.5 до 2 литри вода дневно, помагате на бубрезите да го исфрлат вишокот шеќер од телото. Заборавете на засладени пијалаци – тие се таен непријател!

Не чекaјте симптомите да станат проблем! Малите промени денес, го штитат вашето здравје утре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни