Шегаџии во САД хакираат семафори, емитуваат „пораки“ од Безос, Маск и Закерберг

Случајните минувачи во Сиетл, САД, во средата наутро останаа зачудени кога семафорите на неколку раскрсници почнаа да пуштаат необична порака: го слушнаа гласот на основачот на Амазон, Џеф Безос, кој наводно ја критикуваше локалната даночна политика.

На социјалната мрежа Х жителите масовно споделуваа снимки од автоматизирани пораки кои се пуштаат со часови низ градот. Во една од пораките се слуша наводниот глас на Безос кој вели: „Здраво, јас сум Џеф Безос. Овој пешачки премин е спонзориран од Amazon Prime со важна порака. Ве молиме не ги оданочувајте богатите. Во спротивно, сите други милијардери ќе одат на Флорида”.

Инцидентот се совпадна со тековните дискусии во државата Вашингтон за можно зголемување на даноците за луѓе со финансиски средства над 50 милиони долари, објави локалната филијала на ABC KOMO.

Министерството за транспорт ја истакна важноста на звучната сигнализација на семафорите. „Аудио снимките на премините се од суштинско значење за безбедноста на слепите и лицата со оштетен вид. Загрижени сме дека некој бил подготвен да ја загрози таа безбедност за да испрати политичка порака. Ние го сфаќаме овој инцидент сериозно и работиме на решавање на ситуацијата што е можно побрзо“, изјавија тие за ABC News.

Безос, се чини, не е единствениот „виртуелен говорник“ на семафорите. Пред неколку дена, слични инциденти беа забележани во Силиконската долина, каде на семафорите во Пало Алто, Менло Парк и Редвуд Сити се слушаа гласови слични на оние на Илон Маск и Марк Закерберг.

Еден корисник на социјалните мрежи објави видео од центарот на Пало Алто каде глас сличен на Маск се слуша: „Здраво, ова е Илон Маск. Добре дојдовте во Пало Алто, домот на инженерството на Тесла. Тие велат дека со пари не може да се купи среќа… И претпоставувам дека тоа е вистина. Бог знае дека се обидов.“

Градот Пало Алто изјави за Storyful дека идентификувал 12 раскрсници во центарот на градот каде што семафорите емитуваат слични пораки и дека сомнителна активност била пријавена минатиот петок. Звучните сигнали на овие локации моментално се исклучени додека не завршат поправките.

Корисникот на TikTok, Киган Б., исто така, се огласи, објавувајќи видео во кое може да се слушне глас сличен на Цукерберг: „Здраво, ова е Марк Закерберг, но вистинските луѓе ме нарекуваат Зук. Сосема е нормално да се чувствувате непријатно бидејќи насилно воведуваме вештачка интелигенција во секој аспект од вашата свесна реалност. Како и да е, се гледаме подоцна“.

@keagan.19

Menlo Park, home of meta, crosswalk speakers are getting hacked… @Mark Zuckerberg

♬ original sound – Keagan B

Министерството за транспорт изјави за Лос Анџелес Тајмс дека соработуваат со градските власти на Менло Парк за да го истражат инцидентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни