„Престанете со војната во Украина. Престанете со ескалацијата. Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците – и знајте дека сме подготвени“, изјави Руте.
Тој нагласи дека инцидентот е директно продолжение на руската агресија врз Украина, и порача дека НАТО е решен да ја брани секоја педа од сојузничка територија.
На новинарско прашање дали упадот на дроновите бил намерен, Руте одговори дека сè уште се врши проценка. Тој ја пофали реакцијата на Алијансата и се заблагодари на сите вклучени сили – посочувајќи дека во операцијата учествувале Полска, Холандија, Италија и Германија.
Инцидентот предизвика зголемена напнатост во регионот, а Полска веќе активираше Член 4 од Повелбата на НАТО, што предвидува консултации кога една членка смета дека нејзината безбедност е загрозена.
Извор: Index.hr