Шефот на кабинетот на Зеленски поднесе оставка поради корупциски скандал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка по сериозен корупциски скандал што ја потресе украинската политичка сцена.

Утрово, украинските антикорупциски органи извршиле претрес во домот на Јермак. Тој на платформата Телеграм потврдил дека претресот е во тек и дека целосно соработува со надлежните институции.

Во заедничко соопштение, Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (SAPO) соопштија дека претресите биле „одобрени“ и се поврзани со истрага чијшто детали засега не се откриваат.

NABU и SAPO претходно овој месец ја разоткрија големата корупциска афера вредна 100 милиони долари во државната компанија за нуклеарна енергија, во која беа вмешани поранешни високи функционери и поранешен бизнис-партнер на украинскиот претседател.

Иако Јермак тогаш не беше посочен како осомничен, опозициските пратеници, како и дел од пратениците од партијата на Зеленски, побараа негово повлекување, оценувајќи дека земјата се соочува со најтешката политичка криза од почетокот на војната.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни