Хаос во Милано поради Газа: Шеесет полицајци повредени во судир со демонстранти на протест во поддршка на палестинскиот народ (ВИДЕО)

За време на протестите во Газа, во Милано избувнаа немири. Ескалацијата се случи на Главната железничка станица, каде што група демонстранти се судри со полицијата.
Violent Clashes In The Central Station, Stone Throwing In Via Victor Pisani Nationwide strike in support of the Palestinian people, Milan, Italy - 22 Sep 2025,Image: 1039412747, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Francesco Enriquez/ipa-agency.net / Shutterstock Editorial / Profimedia

Според италијанските медиуми, во судирите се повредени околу шеесет полицајци, од кои дваесет се однесени во болница. Десетина демонстранти беа исто така приведени.

Илјадници луѓе низ Италија излегоа на улиците под слоганот „Да блокираме сè“ за да го изразат своето незадоволство од ставот на земјата кон ситуацијата во Газа.

Работниците на пристаништата низ цела Италија се организираа во протест за блокирање на пристапните патишта до повеќето италијански пристаништа, велејќи дека сакаат да спречат Италија да се користи како попатна станица за транспорт на оружје и други залихи во Израел.

Во овие настани, во Милано имаше насилство, а во судирите, според италијанските медиуми, беа повредени околу шеесет полицајци, од кои дваесет беа однесени во болница. Исто така, беа приведени десетина демонстранти. Итна помош во Милано, исто така, им помогна на дванаесет учесници на протестот на возраст од 23 до 54 години.

Група од околу стотина луѓе употреби противпожарен апарат и постави канти за ѓубре како барикади.

Полицијата во опрема за немири испука солзавец и се судри со демонстрантите во близина на главната железничка станица во Милано, објави Ројтерс.

Немирите се кулминација на митингот за поддршка на Газа, за кој и покрај обилоните дождови се собраа уште утринава илјадници демонстранти во Милано.

Меѓу транспарентите, се издвојуваше натписот „ќе блокираме сè, ќе го запреме геноцидот“. Покрај сообраќајните работници, на протестот се придружија и наставници и персонал од училишта и универзитети.

„Немирите не им помагаат на луѓето од Палестина“

Немирите на улиците на Милано ги коментираше градоначалникот, Џузепе Сала, кој изјави дека „тие немаат оправдување и дека со сигурност не му помагаат на палестинскиот народ“.

„Во последните недели, во Милано се одржуваа мирни протести во одбрана на палестинското прашање. Сега, сторителите треба веднаш да бидат идентификувани“, рече градоначалникот.

И во Неапол, полицијата се судри со демонстрантите кои упаднаа во главната железничка станица.

Во други италијански градови, илјадници граѓани демонстрираа, училиштата беа затворени, а дел од јавниот превоз не работеше на барање на синдикатите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни