Комеморација за загинатите во Кочани: Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот пуштени во воздух

Комеморацијата за загинатите во Кочани ја организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.

Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија Теодосиевска, кочанчанка, која со збор и фотографија ги спомена сите загинати што потекнуваат од Кочани, Оризари и општината Чешиново – Облешево.

Комеморацијата заврши на отворена сцена, на јужната страна од ЦК „Бели мугри“ каде од рацете на деца во воздух летнаа 62 балони со имињата на прерано прекинатите 62 млади животи.

На присутните во салата на кочанската Национална установа им се обрати и Живко Гроздановски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Потоа, членовите на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 –ти март, придружувани од граѓани, заминаа на протестен марш во чест на нивните ангели низ улиците на Кочани. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни