Шарлиз Терон за аферата со 20 години помладо момче

Актерката Шарлиз Терон отворено зборуваше за нејзиниот љубовен живот, вклучувајќи и неодамнешна авантура за една ноќ со 26-годишник, за која вели дека била „фантастична“.

Во гостување на популарниот подкаст „Call Her Daddy“, 48-годишната оскаровка призна дека никогаш претходно не направила нешто слично, но сега, кога е во четириесеттите, чувствува поголема слобода и самодоверба во интимните односи.

„Ова ми беше трета авантура за една ноќ, но првпат ја доживеав како искуство кое ми годеше. Конечно знам што сакам и не се плашам тоа да го кажам,“ рече Терон.

Таа откри дека дури сега, со повеќе зрелост и свесност за себе, добива многу поквалитетни интимни искуства отколку кога била во дваесеттите.

„Штета што не го знаев ова кога бев млада,“ додаде искрено.

Шарлиз нагласи дека во моментов не ѝ е потребна врска, бидејќи љубов и исполнетост добива од нејзините ќерки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни