Шарени маски и магична атмосфера на карневалот во Струмица

Со 1.500 маскирани учесници во 48 групи, вчеравечер традиционалниот Струмички карневал претстави вистинско шоу на магична креативност. Ова меѓународно издание на карнавалот ги обедини различните  националности, со странски гости од земји како Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција, што допринесе за богатството на културни влијанија и традиции присутни на карневалот.

Оваа година, групите привлекуваа внимание со своите креативни маски, а некои од нив броејаа и до 100 учесници, претставувајќи вистински спектакл на улично шоу.

Во продолжение, погледнете дел од визуелниот шарм и атмосферата што ги карактеризираше карневалската поворка.

Официјално започнат на 13 март, карневалот ќе трае до наредната среда, 20 март, нудејќи широк спектар на настани вклучувајќи детски карневал, изложби, концерти, маскенбали и многу други забави.

Овој долгогодишен настан се заснова на богата традиција, привлекувајќи љубители на карневалите од целиот свет, а исто така беше спомнат и од отоманскиот патописец Евлија Челебија уште во 1670 година, што потврдува неговата значајна историска вредност.

Тој минувајќи низ Струмица запишал : …Дојдов во еден град , расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа , низ смеа писок и песна… што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица .

Фото: Марио Андоновски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни