Шанкер што се смее со искрени луѓе

Никола Ристов живее во Скопје, има 30 години и работи како шанкер. Едноставни му се желбите и причините за насмевка.

„Сонувам за искреност помеѓу луѓето и за почести дружби со добрина, затоа и секогаш се смеам на нешто кое е искрено од срце или нешто кое е природно и спонтано.“- пренесе Никола на нашиот фоторепортер за рубриката „Насмевни се“.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни